Брисел ја предупреди Албанија: Проектот поврзан со Кушнер може да го загрози патот кон ЕУ

Од:

Европската комисија ја предупреди Албанија дека контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Валона-Нарта, кој се поврзува со американскиот бизнисмен Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД Доналд Трамп, би можел негативно да влијае врз напредокот на земјата кон членство во Европската Унија.

Предупредувањето доаѓа во време кога во Албанија се одржуваат протести против изградбата на луксузен туристички комплекс во еден од најзначајните природни резервати во земјата. Подрачјето е познато по богатата флора и фауна и претставува живеалиште на фламинга, морски желки и други заштитени видови.

Од Европската комисија порачаа дека Албанија треба да се воздржи од активности кои би можеле да го загрозат исполнувањето на обврските од Поглавјето 27, кое се однесува на животната средина и климатските промени.

Брисел побара од албанските власти целосно усогласување на националното законодавство со европските правила за заштита на природните живеалишта и птиците. Дополнително, се бара укинување на измените во Законот за заштитени подрачја и преиспитување на Законот за стратешки инвестиции.

Според Европската комисија, албанскиот министер за животна средина Софјан Јаупај информирал дека активностите на проектот се запрени и дека ќе биде спроведена детална процена на влијанието врз животната средина, во која ќе бидат вклучени и граѓански организации.

Во меѓувреме, Специјалното обвинителство за борба против корупцијата во Албанија отворило истрага за промените на статусот на заштитеното подрачје и за сопственичката структура на земјиштето поврзано со проектот.

Протестите против изградбата, кои организаторите ги нарекоа „Револуција на фламингата“, добија поддршка и од албанската дијаспора во повеќе европски градови, како и во САД.

Албанија, заедно со Црна Гора, важи за една од најнапредните земји кандидати од Западен Балкан во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ВФ: Хакиран мобилен телефон на зетот на Трамп, откриени тајни сметки со стотици милиони

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени