Јакимовски: Лукровски не се појавува на работа по боледувањето, за три дена недоаѓање се добива отказ

Од:

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска обвини дека градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, не се вратил на работа по завршувањето на боледувањето и побара надлежните институции да постапат согласно законските прописи.

Според Јакимовски, Лукровски по истекот на боледувањето имал обврска да се јави на работа на 30 мај, но до денес не се појавил на своето работно место.

Тој се повика на член 82 од Законот за работни односи, според кој работник кој неоправдано отсуствува од работа три последователни дена може да добие отказ без отказен рок.

„Лукровски не е на службен пат, не користи годишен одмор и нема важечко боледување, што значи дека неговото отсуство не е оправдано со никаков документ“, изјави Јакимовски.

Од ГРОМ сметаат дека законот треба да важи подеднакво за сите граѓани и обвинуваат за селективна примена на прописите.

Партијата побара Државниот инспекторат за труд да изврши контрола и да утврди дали има прекршување на законските обврски.

Јакимовски оцени дека ваквата состојба претставува потценување на граѓаните на Карпош и побара институционална разрешница на случајот.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

Општина Карпош: Градоначалникот Лукровски нема поднесено оставка, во мометов користи боледување

А1он

Јакимовски: Лукровски злоупотребил национални чувства за лична промоција

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец