ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

Од:

Некогаш една друга партија важеше за лажоманска. Но, полека и сигурно, ВМРО-ДПМНЕ го презема тој примат.

Вчера, преку нивните инсталации во Општина Карпош, се обидоа да ја излажат јавноста дека градоначалникот Сотир Лукровски не поднел оставка,
туку бил на боледување. Е па, таа приказна не поминува, наведуваат од ГРОМ и прашуваат:

Ако е боледување, тогаш нека објаснат:

Зошто барале од Централниот регистар Сотир Лукровски, градоначалник избран на локалните избори на 2 ноември, да биде избришан како одговорно лице во правното лице Општина Карпош, а на негово место да биде впишан заменикот Крстевски?

Нормално, ваквата глупост службениците од Централниот регистар ја одбиле, со јасно образложение: Општина Карпош има актуелен градоначалник.

Зошто во Трезор испратиле потписно картонче само со потпис на овластениот заменик, а без потписот на градоначалникот кој го дава овластувањето? Ако Сотир Лукровски е само привремено отсутен, зошто го нема таму каде што мора да го има?

Зошто шоферот на Сотир Лукровски дошол да го раздолжи службеното возило со кое го возел градоначалникот, како и другите предмети што ги
користел? Ако човекот е само на боледување, зошто се раздолжува службено возило?

Ова не е боледување. Ова е бегство од Карпош. Ова е незаконско купување време.

Оставката на Сотир Лукровски се најавува повеќе од четири месеци. Со тоа, според нашите информации, бил запознаен и претседателот на
ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Отворањето боледување и назначувањето заменик не е решение. Тоа е обид формално да фигурира боледување, а фактички да се подготвува заминување.

Формално — боледување. Неформално — оставка. Партиски — купување време. Правно — импровизација.

Невештите службеници од Општина Карпош сами им ги открија намерите со обидите да го избришат градоначалникот од Централниот регистар и од
потписник на жиро-сметката во Трезор.

И сето ова го прави партија која себе се нарекува државотворна. Партија која зборува за патриотизам.
Партија која секој ден држи лекции за правна држава, законитост и институции.

А во Карпош што прават?

На незаконски начин дојдоа до власт во Општина Карпош, а сега на незаконски начин се обидуваат да го продолжат владеењето. Карпошани гласаа за градоначалник. Добиваат партиски овластувања, потписни картончиња, заменици, адвокати, секретари, супервизори и инструкции од Белата палата.

Вистината е едноставна: ВМРО-ДПМНЕ ја заглави Општина Карпош и сега се обидува со лаги, правни акробации и партиски маневри да го покрие
срамот. А причината за сето ова е добро позната, наведуваат од ГРОМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ