Радев: Македонија само треба да ги вклучи Бугарите во Уставот

Од:

На Македонија само треба да ги вклучи Бугарите во Уставот за да ги започне преговорите со ЕУ, изјави денес бугарскиот премиер Румен Радев пред самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват.

– Подготвени сме да ѝ помогнеме на секоја земја што ќе аплицира за членство, особено на нашите браќа од Македонија. Чекаме конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно. Тие само треба да го направат овој чекор за да ја отворат вратата кон преговарачкиот процес, рече Радев.

Оваа позиција на Бугарија ја става Македонија пред реалноста во која европската интеграција сè повеќе се третира како тест за институционална зрелост и способност за спроведување длабоки реформи, а не само како политички процес.

Македонија мора да одлучи дали да го прифати моделот на постепена интеграција или да остане заглавена во билатерален спор со Бугарија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Мицкоски: Верувам и дека достоинството, идентитетот и принципиелноста не треба да се пречка за европската перспектива

Предраг Петровиќ

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Приведен Стефан Богоев и повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание, положба и углед за стекнување имотна корист од големи размери

Предраг Петровиќ

Чамците и скутерите летово со ограничено пловење на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро

ЕУ подготвува санкции за Бугарија