(ВИДЕО) Д-р Ивановски: Дарувањето органи е одлука што го продолжува животот на другите

Од:

Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, преку видео-обраќање апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството.

Како што информираат од Министерството за здравство, видео-обраќањето на Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.

-Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во моментите кога е најтешко, кога се губи својот најблизок, да се донесе одлука. Да се даруваат органите, со цел да се продолжи животот на другите пациенти, на кои им треба најмногу. Тоа би било една порака од срце до целата македонска јавност – истакнува д-р Ивановски во видео-обраќањето.

Од Министерството за здравство нагласуваат дека министерот Азир Алиу порачува оти е нивна обврска како институции да го развиваат системот, да работат на зголемување на довербата и да создаваат култура во која дарувањето органи ќе биде препознаено како чин на солидарност, емпатија и највисока почит кон животот.

Би можело да ве интересира

Спасен е живот на пациент – му трансплантираа црн дроб

А1он

Во добра состојба се двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор

Млада докторка донираше матични клетки за пациент со тешка малигна хематолошка болест

Мајка на 10-месечно бебе е донорот на срце и на бубрези, која спаси три човечки животи

Мери Јордановска

Државен стан за семејството на Верица Белчовска, девојката чии органи спасија три животи

Жарко Настоски

Белчовски: Ги дониравме органите за да спасиме животи, а така ќе живее и нашата сестра

Предраг Петровиќ