Спасен е живот на пациент – му трансплантираа црн дроб

Од:

Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште една пациентка на 51 годишна возраст и е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег.

Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување.

– Овие медицински интервенции се воедно и приказни за надеж, за солидарност, за највисок чин на алтруизам. Нема поголем чин од тоа во момент на болка да подарите живот. Ова семејство покажа што значи вистинска хуманост, нивната одлука ќе живее преку тие на кои им е дадена нова шанса. Огромна благодарност на семејството на донорот за овој хуман чин, по загуба на нивен член од семејството, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска изразува „огромна благодарност за семејството без чија согласност немаше да биде можно да се извршат овие трансплантации. Зад секоја трансплантација стои човечка приказна. Овој пат е приказна за храброст и дарување живот. Тоа е највисокиот чин на солидарност што едно општество може да го има“.

Би можело да ве интересира

Прва трансплантација на лице извршена во Шпанија

А1он

Таткото и донираше бубрег и дел од црниот дроб на својата 7 годишна ќерка – операцијата траеше 18 часа

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

На Клиниката за ортопедија во Скопје извршена е најсложената трансплантација на коска

А1он

Над 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган

Извршена e трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска

Горан Наумовски