(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Да бидеме хумани и да го поддржиме органдонорството

Од:

Во рамки на националната кампања под мотото „Органдонорството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, докторот Никола Ѓорѓиевски, директор на Универзитетската клиника за нефрологија потстетува на важноста на солидарноста при чинот на дарување органи.

-Сите заедно треба да бидеме солидарни и хумани и да го поддржиме органдонорството како најхуман чин што помага на многу животи и на многу пациенти, коишто имаат потреба од донирање органи. Затоа, апелирам до сите граѓани на Република Македонија да ја зголемат свесноста за органодарителството, бидејќи само на таков начин ние можеме да си помогнеме едни на други, а со помошта на други ние помагаме и на целокупното наше општество, помагаме на државата и помагаме за целокупниот систем, потенцира д-р Ѓорѓиевски во своето видео-обраќање.

Би можело да ве интересира

Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Од 1 октомври кај матичниот лекар ќе може да дадете согласност за донирање органи после смртта

Граѓаните ќе можат да ја повлечат или променат одлуката за органодарителство

Од починат донор 52 годишник доби ново срце, а 23 годишник бубрег

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

А1он