Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

Од:

Чешката Република „веројатно“ ќе ја пропушти целта на НАТО за зголемување на воените трошоци на 3,5 проценти од бруто домашниот производ оваа година, изјави чешкиот премиер Андреј Бабиш.

– Ќе направиме сè што можеме за да го исполниме ветувањето, рече Бабиш во интервју за „Фајненшл тајмс“, додавајќи дека неговата влада се бори со буџетски дефицит поради прекумерното трошење на неговиот проевропски претходник и во моментов може да издвои само 2 проценти од буџетот за воени потреби.

Бабиш рече дека Прага е посветена на исполнување на новата цел на НАТО од 3,5 проценти од БДП до 2035 година, но дека сојузниците на НАТО треба да се фокусираат повеќе на подобрување на капацитетите отколку на целите за трошење, кои лесно можат да се манипулираат.

Би можело да ве интересира

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он