Бројот на лица за кои постои сомневање дека имаат ебола во Демократска Република Конго се искачи на 1.028, изјави денес министерот за здравство на Конго, Самуел Роџер Камба.
Тој им рече на новинарите дека 225 лица во Конго се потврдени како заразени со вирусот ебола, објави Ројтерс.
Камба потсети дека од четврток, во Конго имало 906 сомнителни случаи на ебола.
