СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Од:

Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Кога буџетот е во „одлична форма“? Ова е уште една потврда дека во буџетот нема пари. Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има пари за 93 тендери за Мастеф, има за 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг, има пари за 74 тендери за Ленди груп, има 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, има од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта, нагласуваат од СДСМ.

– Има за нивните криминални тендери. Има за нов авион за Мицкоски да оди на море. Нема пари за поголеми плати, нема за 600 евра миниманлна плата, нема пари за мерки за граѓаните, нема пари за субвенции за земјделците. Нема за референдум на кој граѓаните треба да одлучат за својата судбина, за иднината на своите семејства и своите деца. Граѓаните не сакаат да ја плаќаат цената на криминалот на Мицкоски и неговата банда. Граѓаните мора да ја земат одлуката за иднината во свои раце. Распишете референдум! Граѓаните нека одлучат, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ