Трамп: Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух

Од:

Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, коментирајќи ги извештаите дека Иран и Оман постигнале договор за заедничка контрола на Ормутскиот теснец.

– Теснецот ќе биде отворен за сите. Никој нема да го контролира. Ние ќе го следиме. Но никој нема да го контролира, рече Трамп, додавајќи дека нема да прифати договор меѓу Иран и Оман за заедничка контрола на Ормутскиот теснец како дел од мировен договор, објави Скај њуз.

Американскиот претседател рече дека „тие би сакале да го контролираат“ и нагласи дека теснецот е дел од меѓународните води и дека „Оман ќе се однесува како сите други“.

„Или ќе мора да ги дигнеме во воздух, тие го разбираат тоа, ќе бидат во ред“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

ВИДЕО: Има слика, нема тон – војната со медиумите му се удри од глава на Трамп

Катерина Ѓуровски

Водечките ТВ мрежи, меѓу кои и Fox News, престанаа да го следат Трамп во знак на поддршка за CNN

ВИДЕО: Иран им се закани на САД

Медведев одговори на новите санкции од Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Што значи договорот на САД и Данска за Гренланд