Северна Кореја тестираше новоразвиен, повеќенаменски систем за лансирање лесни ракети и повеќе тактички крстосувачки ракети под надзор на лидерот Ким Џонг Ун, објавија државните медиуми.Тестовите беа спроведени вчера, објави државната новинска агенција KCNA.
Јужнокорејската војска соопшти дека Пјонгјанг испалил неколку балистички ракети со краток дострел и артилериски ракети од областа околу северозападниот град Џонџу.
🚨🇰🇵North Korea tests new AI-guided cruise missile
This 240mm guided artillery rocket is capable of hitting targets up to 100 km away using autonomous navigation and terrain-matching technology.
The weapon system was tested under Kim Jong-un’s personal supervision. pic.twitter.com/yuDQm9ee16
— Sputnik India (@Sputnik_India) May 27, 2026
Лансирањето беше „дел од планот за модернизација на артилеријата и ракетните вооружени сили за да се постигне петгодишната цел за развој на националната одбрана“, соопшти KCNA.
„Тестовите ја анализираа и оценија моќта на боевата глава на тактичка балистичка ракета за специјални намени, сигурноста на… артилериска ракета со продолжен дострел на отпуштање со употреба на високо прецизен автономен навигациски систем и точноста на тактичка крстосувачка ракета водена од вештачка интелигенција“, додаде агенцијата.
Ким наводно ги пофалил тестовите, велејќи дека тие се показатели за технички напредок во зајакнувањето на борбената моќ на Северна Кореја. Ова беше осмиот тест на балистичка ракета на Пјонгјанг оваа година. Северна Кореја последен пат испали неколку ракети со краток дострел на 19 април.
