Трамп: Збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен или испратен во САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека збогатениот ураниум на Иран треба да се уништи или во САД, во Иран или на друга прифатлива локација.

– Збогатениот ураниум (нуклеарна прашина) или веднаш ќе биде префрлен во САД за транспорт до САД и уништување, или, по можност, во соработка и координација со Исламската Република Иран, ќе биде уништен на лице место или на друга прифатлива локација, при што Комисијата за атомска енергија, или нејзиниот еквивалент, ќе биде присутна како сведок на процесот и настанот, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Ал Арабија и Ал Хадат, повикувајќи се на извори, претходно објавија дека Иран е подготвен да го отстрани високо збогатениот ураниум од својата територија, но под услов да биде префрлен во Кина. Според овие медиуми, Техеран бара гаранции од Пекинг пред да постигне евентуален договор со САД.

Исто така, остана нејасно дали Трамп ја опишува моменталната состојба на преговорите, барање на САД во разговорите или точка што веќе е договорена како дел од евентуален договор.

Иднината на залихите на Техеран од околу 400 килограми високо збогатен ураниум е клучна точка на сопнување во разговорите. Во саботата, Трамп рече дека рамковниот договор е „претежно“ преговаран.

Израел и САД заеднички започнаа војна против Иран на 28 февруари.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во неделата дека тој и Трамп се согласиле во телефонски разговор претходната вечер дека договорот со Иран мора да ја елиминира нуклеарната закана.

– Тоа значи дека капацитетите за збогатување ураниум на Иран ќе мора да бидат демонтирани, а неговите залихи на високо збогатен ураниум ќе мора да бидат отстранети од земјата, рече Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

Рубио: Слободната пловидба низ Ормутскиот теснец е стратешки приоритет

Американската војска повторно го нападна Иран

Калибаф е реизран за претседател на иранскиот парламент

Првиот јапонски танкер ја проби блокадата и помина низ Ормутскиот теснец

„Блумберг“: Иран уништи голем дел од американската флота на беспилотни летала

Иран го обнови меѓународниот пристап до интернет