(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес му упати забелешка на новинарот кој ја прекина неговата прес-конференција во Индија и побара од обезбедувањето да го изнесат од просторијата.

Лавров веќе почна да зборува кога новинарот гласно го вклучи преводот на телефонот или уредот за симултан превод.

Рускиот министер молчеше неколку секунди, а потоа праша на англиски: „Можете ли да излезете? Кој ги испушта тие звуци – вие или вашиот телефон?“.

Откако звукот се повтори, Лавров уште еднаш го замоли новинарот да си замине, забележувајќи дека „не се шегува“.

Луѓе, извадете го од тука, им рече Лавров на обезбедувачите присутни во просторијата.

После тоа го предупреди новинарот: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“.

Лавров е во тридневна посета на Њу Делхи.

Тој учествуваше на настани на БРИКС и разговараше со колеги од Индија, Тајланд, Египет, Иран и Малезија.

Би можело да ве интересира

Русија погоди воз непосредно откако по пругата поминаа поранешниот британски премиер и високи европски претставници

Предраг Петровиќ

Трамп: „Зеленски, престани“

(ВИДЕО) Марш кон Мариб: Армијата пред распад, паѓа ли градот?

Обединетото Кралство пред распад: Лидерите на Северна Ирска, Шкотска и Велс потпишуваат историски договор

Предраг Петровиќ

Погоден ирански танкер во Ормускиот теснец, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов