Тренерот на Јувентус, Антонио Конте потпиша нов три годишен договор со Старата Дама според кој во Торино ќе остане во јуни 2015 година.
42-годишниот тренер му го донесе Скудетото на Јувентус без ниту еден загубен натпревар.
Раководството на Јувентус задоволно од перформансите на Конте одлучи да го продолжи неговиот договор до 2015.
„Ова дефинитивно е добар ден бидејќи дава продолжување на мојот сон”, изјави Конте по потпишувањето на договорот.