ВИДЕО: Македонија ќе слави 35 години независност со Дејвид Гета

Од:

Владата денеска ја најави програмата за одбележување на 35 години од независноста на Македонија, а централниот настан ќе биде концерт на светски познатиот диџеј Дејвид Гета на 8 септември во Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција со „Авалон продукција“ истакна дека јубилејот нема да биде одбележан со само еден настан, туку со национална културна манифестација од највисок ранг, која ќе трае од јули до септември и ќе се реализира во повеќе градови низ државата.

„Нашата цел е ова одбележување да има државничка тежина, современ културен и продукциски пристап, но и меѓународна препознатливост. Сакаме да создадеме концепт што ќе ја претстави Македонија како држава што знае достоинствено да го одбележи сопствениот пат и да ја покаже сопствената културна самодоверба пред домашната и меѓународната јавност“, рече Митева.

Таа нагласи дека концептот предвидува децентрализација и вклученост на повеќе градови, со цел културата да стигне до што повеќе граѓани преку различни форми на уметнички израз.

Од „Авалон продукција“ соопштија дека влезот за концертот на Дејвид Гета ќе биде бесплатен, но со претходна регистрација која ќе чини симболични 35 денари по лице – бројка што директно асоцира на 35-годишнината од независноста.

Секој корисник ќе може да резервира најмногу две влезници, а регистрацијата ќе биде отворена и за посетители од странство.

Од продукцијата посочија дека настанот се очекува да привлече публика од целиот регион и да има значаен ефект врз туризмот, угостителството и промоцијата на Македонија како дестинација за големи меѓународни музички и културни случувања.

Дополнителни информации за начинот на регистрација ќе бидат објавени утре.

Би можело да ве интересира

Утре прес-конференција за финансирањето на прославата за 8 Септември: Владата тврди „нула денари“, СДСМ вели дека платила Државна лотарија

A1on

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски