ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Од:

Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии. Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев. Ставовите на Радев се одамна јасни, со оглед на тоа што тој не е нов на политичката сцена. Јасни се и околу јазикот, идентитетот и историјата и јасно има кажано дека Бугарија нема да отстапи од своите барања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– И покрај тоа, Филипче настапува како граѓаните да не се запознаени со овие позиции, па зборува за кохезија во општеството, обидувајќи се да манипулира со граѓаните за значењето на уставните измени. Сите го знаат ова. Само Филипче се однесува како граѓаните да не се запознаени и вели дека на македонскиот народ не му е јасно што значат уставни измени. Од СДС забораваат дека се во опозиција и не нудат ништо што би можело да е во интерес на државата и граѓаните, се однесуваат како мала група која се надева само на враќање на власт по секоја цена. Филипче исто така веќе се замислува и си фантазира за премиерската фотелја.

Со денови се поагресивно се обидува да ги убеди граѓаните дека тој е оној кој ќе ја однесе Македонија во ЕУ, исто како што правеше Заев. Филипче е продолжена рака на Заев и сака да го надмине Заев во предавствата, да го заврши планот за уништување на државата. Во 2022 година, кога сакаа да ги поддржат уставните измени илјадници луѓе им протестираа и народот гласно им кажа НЕ, не ја сфатија пораката. СДС како власт ја блокираше преговарачката рамка со ЕУ и ја направи Македонија мета на блокади и уцени.

Граѓаните добро знаат кој е Венко Филипче и дека би потпишал се, уште веднаш, само за да дојде на власт. Изгубија двапати последователно на избори, а граѓаните и трет пат ќе им ја испратат истата порака. СДС на чело со Венко Филипче се опозиција во Македонија, а според анкетите се четврта партија во државата и не се фактор кој во моментов одлучува. СДС е партија која секојдневно губи гласови поради нивните предавнички политики, кои и по Заев одлучија да ги продолжат, а Филипче ќе ја доведе партијата до исчезнување, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Муцунски го повикал бугарскиот амабасадор: се бара истрага и објаснување за објавената нота за семејството на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад