Драма во Германија: Заложници се заклучени во банка, центарот на градот е блокиран

Од:

Веќе речиси три часа се одвива вистинска драма во градот Зинциг, Германија, каде што утрово најмалку едно лице киднапирала еден или повеќе заложници во Фолксбанк во центарот на градот.

Според полицијата, операцијата започнала утрово во 9 часот, а голем број специјалци се на местото на настанот, додека хеликоптери летаат над градот.

Според Министерството за внатрешни работи, заложниците се држат во филијалата, откако утрово пред банката застанало оклопно возило со пари.

Еден од вработените излегол да влезе во банката, а потоа, според неофицијални информации, непознат маж го пресретнал возачот и му се заканил. Потоа киднаперот ги зел луѓето во банката како заложници и се сомнева дека сите се во трезорот.

„Во моментов се верува дека во банката има неколку сторители и заложници. Еден заложник е возачот на возилото за транспорт на готовина“, соопшти полицијата, додавајќи дека ситуацијата на местото на настанот во моментов е стабилна.

„Во моментов нема опасност за граѓаните надвор од оградениот простор“, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Крупала го обвинува Мерц дека ја турка Германија во војна: „Нема да има мир без Русија“

„Фајненшл тајмс“: Одбивањето на САД да распоредат ракети во Германија ќе ги наруши воените планови на Европа

Писториус не знае каде се 111 милијарди евра наменети за Бундесверот

Вaдeфул: Германија бара Иран да го отвори Ормутскиот теснец и да ја прекине својата нуклеарна програма

Горан Наумовски

Нечаев: Русија е подготвена за дијалог

САД повлекува 5.000 војници од Германија

Горан Наумовски