Канал 12: „Доколку договорот со Иран не успее, ќе следи нова војна“

Од:

Доколку САД и Иран не успеат да постигнат договор за прекин на конфликтот пред американскиот претседател Доналд Трамп да се врати од најавената посета на Кина, воената опција е „повторно на маса“, објави денес израелскиот Канал 12.

Белата куќа наводно очекува утре да добие одговор од Иран на најновиот предлог на САД за прекин на војната.

Канал 12 објави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе разговара со Трамп вечерва, по состанокот со врвни израелски воени претставници.

Официјален претставник изјави за Канал 12 дека Израел не верува дека САД ќе извршат силен притисок врз Иран да се согласи на ограничувања на неговата програма за балистички ракети.

Од друга страна, израелски функционер, кој не сакаше да биде именуван, рече дека Тел Авив не е загрижен за насоката во која се движат разговорите со Иран.

„Договор како овој не се потпишува со нејасни изјави, туку со прецизност, технички детали, процеси, временски рамки, механизми за надзор и слично“, рече израелскиот функционер.

Би можело да ве интересира

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“