Аракчи: Војната против Иран ја чинеше Америка 100 милијарди долари

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека војната досега ги чинела САД 100 милијарди долари, а не 25 милијарди долари како што тврди Вашингтон.

„Пентагон лаже. Коцкањето на Нетанјаху директно ги чинеше САД досега 100 милијарди долари“, објави Аракчи на мрежата X.

Аракчи тврди дека цената на војната е четири пати поголема отколку што признаваат САД, а дека индиректните трошоци за американските даночни обврзници се многу поголеми.

„Месечниот придонес за секое американско домаќинство достигна 500 долари и брзо расте“, рече иранскиот министер за надворешни работи.

Финансискиот службеник на Пентагон, Џулс Херст, изјави претходно оваа недела дека војната во Иран досега ги чинела САД 25 милијарди долари.

Аракчи претходно ја повика меѓународната заедница да ги смета САД и Израел за одговорни за она што тој го нарече 40-дневна „агресивна војна“ против Иран, предупредувајќи дека сегашните тензии во Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец се директен резултат на тие дејствија.

„Сегашната несигурност во Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец е директен резултат на американската и израелската воена агресија против Иран“, рече Аракчи.

Иранскиот министер за надворешни работи нагласи дека меѓународната заедница „мора да ја земе предвид оваа реалност и да ги смета агресорите за одговорни за нивните флагрантни прекршувања на Повелбата на ОН и меѓународното право“.

Би можело да ве интересира

Ал Арабија: Иран и САД се согласија делумно да го отворат Ормутскиот теснец

„Фајненшл тајмс“: Одбивањето на САД да распоредат ракети во Германија ќе ги наруши воените планови на Европа

САД воведуваат нови санкции врз Иран и Ирак

Техеран ги отфрла обвинувањата за инцидентот со јужнокорејски брод

ВИДЕО: Иран објави снимка од лансирање на балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Нема преговори за нуклеарното оружје, Ормутскиот теснец останува наш – порака од Иран