Писториус не знае каде се 111 милијарди евра наменети за Бундесверот

Од:

Германското Министерство за одбрана, предводено од Борис Писториус, се најде под притисок на јавноста откако не успеа да даде јасен одговор на прашањето колку опрема од голема програма за вооружување всушност е испорачана на армијата и ставена во оперативна употреба, пишува „Берлинер Цајтунг“. Според германските медиуми, од 2022 година, кога тогашниот канцелар Олаф Шолц објави таканаречена промена на ерата во безбедносната и воената политика на Германија, склучени се околу 47.000 договори за купување воена опрема, со вкупна вредност од 111 милијарди евра. Ова, како што е наведено, изнесува просечно повеќе од 30 договори дневно.

Сепак, јавноста и Бундестагот не добија прецизна слика за тоа колку од нарачаната опрема всушност стигнала до војниците и колку е подготвена за употреба. Министерството, одговарајќи на пратеничко прашање од Дитмар Барч од Левицата, изјави дека автоматизирана централна анализа на сите проекти за набавки не е можна и дека рачната проверка на илјадници страници би барала непредвидливо човечко вклучување и би можела да доведе до одложувања на проекти важни за одбраната.

„Реоружувањето на Германија се претвора во финансиска црна дупка“, оцени Берлинер Цајтунг, посочувајќи дека огромниот број договори и милијарди евра доделени на Бундесверот не се придружени со доволно јасен увид во резултатите.

Барч оцени дека ова е „алармантен“ сигнал, бидејќи Министерството за одбрана, како што тврди, не може да каже колку проекти всушност се завршени и функционално ставени во употреба од страна на Бундесверот. Според него, недостатокот на контрола и целокупен преглед го зголемува ризикот милијарди евра даночни пари и кредити да завршат во одложени или неупотребливи проекти.

Случајот отвори нова дебата за транспарентноста на воениот буџет на Германија во време кога Писториус најавува амбициозно зајакнување на Бундесверот. Германија планира да го зголеми бројот на активни војници на околу 260.000, со значително проширување на резервните сили, како дел од стратегијата Бундесверот да стане најсилната конвенционална армија во Европа.

Би можело да ве интересира

Вaдeфул: Германија бара Иран да го отвори Ормутскиот теснец и да ја прекине својата нуклеарна програма

Горан Наумовски

Нечаев: Русија е подготвена за дијалог

САД повлекува 5.000 војници од Германија

Горан Наумовски

Германија повторно се обидува да стане непостојана членка на Советот за безбедност на ОН

Мерц: Фокусот на Германија останува на силен НАТО сојуз

Командант на елитен украински баталјон избега во Германија