Зеленски: Војната во Иран ги забавува мировните преговори со Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина во моментов чека на продолжување на мировните преговори со Русија, но дека целиот процес е дополнително забавен поради ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, вклучително и војната меѓу Израел и Иран.

Во интервју за Блумберг, Зеленски рече дека Киев нема нови информации ниту од Москва ниту од Вашингтон за евентуално продолжување на преговорите што беа прекинати по претходната рунда во Женева, додека, како што изјави, американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер сè уште размислуваат за посета на Киев.

Тој оцени дека развојот на ситуацијата во иранскиот регион би можел да има директно влијание врз динамиката на мировните преговори меѓу Украина и Русија. Зеленски нагласи дека нема нови индикации за тоа кога или каде би можеле да се одржат разговорите организирани од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија