ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

Од:

Демократската Унија за Интеграција бара итна истрага против Бурим Латифи, Генерален директор на МЕПСО и прв братучед на Изет Меџити, по меѓународната одлука која ја обврзува државата да плати шест милиони евра штета директна последица на неговите одлуки, соопштија од партијата.

– Латифи ја раскинал постојната договорна обврска со компанијата Енергоинвест од Сараево и ја заменил со ЕЛНОС БЛ ДООЕЛ од Бања Лука, компанија тесно поврзана со мрежата на интереси на Милорад Додик. Меѓународниот трибунал ДАБ, кој работи според правилата на ФИДИК, ги отфрлил сите барања на МЕПСО во вредност од 19,3 милиони евра и му признал на Енергоинвест право на 6 милиони евра, кои ќе излезат од државниот буџет од џебовите на граѓаните.

ДУИ констатира дека Бурим Латифи, именуван на чело на стратешко државно претпријатие врз семејна и политичка основа, донел одлуки кои директно го оштетиле јавниот интерес и воведиле компанија поврзана со Додик во критичната енергетска инфраструктура на држава членка на НАТО.

ДУИ од Јавното обвинителство бара итно покренување на кривична постапка против Бурим Латифи за злоупотреба на службена положба и оштетување на државниот буџет, бара целосна ревизија на сите договори потпишани за време на неговиот мандат и итно суспендирање на договорот со ЕЛНОС БЛ до целосно разјаснување на околностите.

„Шест милиони евра од државниот буџет се цената на политичките именувања и врските со Додик. Бурим Латифи мора да одговара, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: 25 години од Охридскиот договор – јубилеј што нè обврзува да ја браниме еднаквоста

Горан Наумовски

ВРЕДИ: ДУИ, партијата која искраде стотици милиони, глуми истражител

Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во ‘Мерцедес’, прасува ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството