Аракчи: Соседите на Иран се приоритет за Техеран

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, разговараше со својот омански колега, Бадр Албусаиди, нагласувајќи дека соседите на Иран се приоритет за Техеран.

– Важни дискусии за билатералните прашања и ситуацијата во регионот. Бидејќи само нашите земји го контролираат Ормутскиот теснец, разговаравме и за начините за безбеден и корисен транзит низ теснецот за нашите соседи и за светот, напиша Аракчи на својот профил на X.

Албусаиди повика на дипломатско решение на ситуацијата за да се обезбеди слобода на пловидба низ Ормутскиот теснец, по ограничувањата на поморскиот сообраќај во областа, опишувајќи го разговорот со Аракчи како „добар“.

„Како крајбрежни држави, ја признаваме нашата заедничка одговорност кон меѓународната заедница и итната хуманитарна потреба да ги ослободиме морнарите кои се притворени предолго“, рече Албусаиди, според Танјуг. Тој додаде дека решавањето на ситуацијата бара интензивна дипломатија и наоѓање практични решенија за долгорочна слобода на пловидба.

Би можело да ве интересира

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

ВИДЕО: Иран им се закани на САД

ВИДЕО: Од мала планинска милиција до моќна воена сила – подемот на Хутите

Катерина Ѓуровски

Америка извршила воено злосторство со нападот врз училиште во Иран, тврди ОН

ВИДЕО: Саудиска Арабија ја прекинува испораката на нафта за Европа

Катерина Ѓуровски