Грушко: Западните земји вежбаат сценарија за блокада и заземање на Калининград

Од:

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко денес изјави дека западните земји вежбаат сценарија за поморска блокада и заземање на Калининградската област за време на воените вежби на Здружените експедициски сили (JEF).

– НАТО свесно го следи патот на интензивирање на конфронтацијата во овој дел од Европа… Активноста на Здружените експедициски сили, предводени од Велика Британија, расте, чија задача е да обезбеди брз одговор во регионите на Далечниот Север, Северниот Атлантик и Балтичкото Море, рече Грушко во интервју за РИА Новости.

Во јануари, поранешниот литвански заменик-министер за надворешни работи, Дариус Јургељавичиус, изјави дека алијансата има подготвено сценарио за блокада на Калининград во случај на директен конфликт со Москва.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев