Иран повикува на „целосна подготвеност“ за можен нов напад од САД и Израел

Од:

Врховниот судија на Иран, Голам-Хосеин Мохсени-Еџеи, ги повика сите државни и воени структури да бидат во „целосна и 100-процентна готовност“ поради, како што рече, можноста за нови напади на САД и Израел врз земјата.

За време на состанокот со претставници на покраинските судски тела, тој рече дека против Иран се води „егзистенцијална војна“, но дека противниците не ги постигнале своите цели, објави порталот „Прес ТВ“.

Тој додаде дека постои можност за уште еден напад, нарекувајќи ја потенцијалната акција „дивачка агресија“. Според него, сите гранки на владата и безбедносните сектори мора да останат во целосна готовност за да одговорат на потенцијалните закани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кина им испрати порака на Америка и Иран

Техеран: САД не ја спроведуваат првата точка од договорот со Иран – прекин на огнот

САД и Катар ќе „одмрзнат“ шест милијарди долари сопственост на Иран

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин

Бен Гвир по смртта на четворица израелски војници: Цел Либан мора да изгори

Загинаа четворица израелски војници