Москва: Русија не е подготвена да преговара со Украина без посредник

Од:

Русија веројатно нема да биде подготвена да води директни разговори со Украина без учество на медијатор, изјави денес претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Родион Мирошник.

„Не мислам дека во моментов постои подготвеност за директни разговори без медијација“, изјави тој за порталот „Известија“, пренесува РИА Новости.

Дипломатот истакна дека Москва во моментов не гледа причина да каже дека Украина сериозно или значително ја променила својата позиција. Тој смета дека очекувањето директен дијалог без притисок врз Киев е залудно.

„Пред повеќе од шест месеци, кога преговорите со Украина беа во Истанбулски формат, се одржа последната средба, Русија го достави текстот на нацрт-меморандумот, а ние сè уште не сме добиле никаков одговор на него“, нагласи Мирошник, пренесува Танјуг.

Порано, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, истакна дека преговорите за украинското решение засега се паузирани.

Би можело да ве интересира

Два распродадени концерти за Кание Вест во Санкт Петербург, Кремљ се дистанцира од шпекулациите за Путин

Предраг Петровиќ

Екс портпаролката на Зеленски: Украина е земја што крвари – треба да моли за мир

А1он

Миршајмер: Трамп размислува целосно да ја повлече поддршката за Киев

Горан Наумовски

Пресврт во Швајцарија: Руси останаа без визи за медицински третман

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

План за масовен напад врз Москва: Напад со дронови управувани од вештачка интелигенција

Горан Наумовски