Венс: Иран е сега на потег, понатамошниот развој на конфликтот на Блискиот Исток зависи од Техеран

Од:

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека „топката сега е во дворот на Иран“ по застојот во мировните преговори посредувани од Пакистан и ги отфрли извештаите дека разговорите во Исламабад не успеале, велејќи дека е постигнат „голем напредок“.

Во интервју за „Фокс њуз“, Венс рече дека Иран има одлучувачка улога во понатамошниот развој на ситуацијата во конфликтот на Блискиот Исток.

„Ме прашувате што ќе се случи следно, а јас мислам дека Иранците ќе одлучат што ќе се случи следно“, рече Венс во емисијата „Специјален извештај“.

Венс истакна дека САД сè уште имаат предност, иако следниот потег зависи од Иран.

Би можело да ве интересира

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

(ВИДЕО) Невремето им го расипа празникот на Американците: Речиси милион луѓе без струја за Денот на благодарноста, авионскиот сообраќај во колапс

1.200 летови откажани во САД за Денот на благодарноста поради лошо време

Хамнеи: Басиџ нема да пропушти можност да им се спротивстави на непријателите на Иран

ЕУ планира технолошки фонд од 50 милијарди евра за да ја намали зависноста од САД и Кина

Горан Наумовски

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“