Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека тимовите на неговата земја, распоредени на Блискиот Исток за зајакнување на воздушната одбрана (АВО) во регионот, собориле ирански беспилотни летала „Шахид“.

– Им покажавме на некои земји како да користат пресретнувачи (дронови). Дали ги уништивме иранските „Шахид“? Да. Дали го направивме тоа само во една земја? Не, во неколку. И според мене, ова е успех, – напиша Зеленски во објава на социјалната мрежа X.

Тој истакна дека украинските сили учествувале во активни операции користејќи домашни беспилотни летала-пресретнувачи претходно тестирани во војната против Русија.

– Ова не беше обука или вежба, туку поддршка во градењето на современ систем за воздушна одбрана што навистина може да функционира – рече украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Трамп порача преку „Аксиос“: По војната со Иран, нема граници на мојата моќ

Зеленски му постави ултиматум на Лукашенко: Имате една недела

Сибиха: Полска направи стратешка грешка со одлуката да му го одземе медалот на Зеленски

Иран: Израел мора да извлече поуки од поразите против Хезболах

Зеленски и го враќа на Полска државното признание „Орден на белиот орел“

Горан Наумовски

Иран повторно го затвара Ормутскиот теснец