Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Од:

Сервилноста на ДПМНЕ кон најреакционерната администрација во историјата на САД на Доналд Трамп, добива нова димензија со посетата на делегацијата предводена од страна на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во Вашингтон на средба со заменик-државниот секретар на САД – Кристофер Ландау во рамките на т.н. ʼстратешки дијалогʼ при што на американската страна им е понудена можност за експлоатација на антимон во Кривопаланечко, како и целосна контрола врз проектот „Чебрен и Галиште”, велат од Левица.

– Антиработничката и антимакедонска власт на ДПМНЕ се гордее со соработката со администрацијата на Трамп која инаку отворено говори и се фали дека ужива во ограбувањето ресурси на други земји и уништувањето цивилизации, а тоа е лош предзвук за тоа колку рамноправни се нивните билатерални договори во случајот на Република Македонија.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски, лидер на ДПМНЕ, партија олицетворена во слугувањето на крупниот капитал и подаништвото кон најагресивните режими кои во историјата ќе бидат запишани со црни букви, како по обичај, не ги објавува детаљите на договорите кои ги склучува со т.н. “стратешки партнери”потценувајќи го македонскиот народ со еден однос кон Македонија како кон партиска сопственост.

Впечатлива е таинственоста на Мицкоски околу наводните инвестиции во компјутерскиот сектор за што бегло ги нафрла термините ʼдигитализацијаʼ и ʼвештачка интелигенцијаʼ.

Го повикуваме Мицкоски и ресорните министри во духот на транспарентноста и отчетноста кон сопствениот народ, да ги објават деталите на овие преговори бидејќи тие веќе даваат впечаток на приватни бизнис-зделки чија жртва е македонскиот народ.

Левица секогаш ќе застане на пат на овој блатантен хомоколонијализам на ДПМНЕ, во духот на заложбите за ослободување на македонскиот народ и држава од стегите на империјалистичкиот јарем. Република Македонија мора да ги приоретизира своите интереси, а не интересите на земји чии економии колабираат, па својот спас го бараат во кражбата на ресурси и суровини на други држави и народи. Предавањето на нашите природни ресурси и потенцијали нема да помине, а Македонија ќе одолее и ќе ја отфрли оваа ненародна власт, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски