40 мониторинг камери поставени во националниот парк „Пелистер“

Од:

Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола викендов во реонот на Нижо Поле, Цапари, Вртушка и Брајчино постави 40 камери за мониторинг на истоимениот национален парк.

Од ЈУНП „Пелистер“-Битола информираат дека активностите се во функција на системите за заштита и следење на природата, преку примена на современи методи за мониторинг и научно истражување.

-Во рамки на овие активности, воспоставен е систем за следење на дивиот свет со помош на фото-замки, поставени на повеќе стратешки локации низ паркот, вклучително Ниже Поле, Пелистер, Цапари, Вртушка и Брајчино. Главната цел на овој систем е да обезбеди прецизни информации за состојбата во природата, преку следење на движењето и навиките на дивите животни, проценка на бројноста на популациите, навремено детектирање на потенцијални закани и поддршка на научни и стручни анализи. Посебен фокус е ставен на мониторинг на клучни видови како кафеавата мечка, дивокозата и карактеристични видови птици и растенија, како и на крупни цицачи волк, рис, дива свиња и срна, кои се индикатори за здравјето на екосистемот, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУНП „Пелистер“-Битола.

Од националнаа Установа потврдија дека дополнително и во континуитет се следат состојбите на вредни и чувствителни живеалишта глацијални езера, моликови шуми, камени реки и алувијални подрачја, ендемични и заштитени растителни видови, водни екосистеми и популации на пастрмка, птици, лилјаци, инсекти, водоземци и влекачи.

Сите податоци од камерите во насока на зголемена безбедност во рамки на националниот парк „Пелистер“ ќе бидат достапни на СВР Битола, нагласија од ЈУНП „Пелистер“-Битола.

Би можело да ве интересира

На Пелистер падна снег

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар изгубен на Пелистер, акцијата во тек

Предраг Петровиќ

Трибина „70 години ракомет во Битола“

76-годишен скопјанец е планинарот кој почина на Пелистер, потврди МВР

Падна првиот снег

Катерина Ѓуровски