Советот на јавните обвинители ја одби претставката на Ристоска за политички влијанија

Од:

Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ.

Во иницијативата Ристоска навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на веб-страницата на партијата.

Како што образложи членот Маријана Илиевска, Комисијата утврдила дека изјавите и нападите не се поврзани со конкретни дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на обвинителката.

– Отсуство на индивидуализација ја исклучува можноста да се утврди реално и конкретно влијание. Иако овие изјави на премиерот, каде што тој ја нарекува со термините медиокритет со политичка матрица, сметаме дека не претставуваат повреда на интегритетот на јавната обвинителка бидејќи не се поврзани со дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на нејзиното одлучување – рече таа.

Во заклучокот, кој Советот едногласно го усвои, беше наведено дека нема надворешно влијание врз нејзината работа ниту, пак, е загрозен нејзиниот професионален интегритет.

Покрај ова, Советот донесе одлуки за распишување огласи за избор на јавни обвинители во повеќе обвинителства во државата, меѓу кои во Ресен, Крива Паланка, Кочани, ВЈО Битола и ВЈО Скопје.

Седницата продолжи со одлучување по дисциплински предмети.

Би можело да ве интересира

Бесими: Советот на обвинителите е колективно тело и одлуката е колективна

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Не е во ред министерот за правда да го прозива по има обвинителот, вели претседателот на Советот на јавни обвинители

Изборот мора да е заснован на квалитет, а не на подобност, Ристоска реагира на изјавата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Дисквалификуваниот Панчевски бара кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Катерина Ѓуровски

Владата добива четири имиња за државен обвинител, Панчевски елиминиран од Советот

Катерина Ѓуровски