Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(58) и 17-годишник, двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Како што информираат од МВР, 04. овој месец во два наврати во населба Баглак и во с. Кошари, пријавените со употреба на физичка сила и упатување на закани спречувале службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство Скопје при заловување, товарење и транспорт на крупен добиток.
