Ирански функционер: Ќе ги заробиме Американците ако се обидат да го заземат Харг

Од:

Ирански политичар се закани дека иранските сили ќе заробат американски војници ако САД се обидат да го заземат клучниот ирански нафтен остров Харг, објави Иран Интернешнл.

Поранешниот ирански министер за надворешни работи Манучер Мотаки, денес пратеник во парламентот, изјави дека Иран би можел да одговори со напади врз американските бази во регионот. „Ако се осмелат да направат такво нешто и да се истоварат на дел од нашата територија, зошто да не одиме на дел од нивната територија – која сега постои во форма на нивните регионални бази – да извршиме слетувања со хеликоптери таму и да ги заробиме нивните сили?“, рече Мотаки.

Синоќа, САД ја нападнаа воената инфраструктура на островот Харг, низ кој минува околу 90 проценти од извозот на нафта на Иран, и испратија дополнителни 5.000 маринци и морнари во регионот, како и јуришен брод способен за амфибиски слетувања. Американските маринци можат да спроведуваат вакви операции, но тие често се користат и за заштита на амбасади, евакуација на цивили и хуманитарни мисии, па затоа нивното испраќање не мора да значи подготовка за копнена операција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Предраг Петровиќ

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената