Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Од:

Два хеликоптери на македонската армија утрово го гаснат пожарот на планината Јабланица кој трет ден гори во близина на селата Радолишта и Фјеришта, соопшти Центарот за управување со кризи.

Поради непристапноста на теренот Територијалната противпожарна единица Струга, според командирот, Фети Мазари, побарале помош за гаснење од воздух.

– Теренот е непристапен, два дена го гасниме од копно заедно со екипи на Македонски шуми. Вчера побарав од Центарот за управување со кризи помош за гаснење од воздух, изјави Мазари, нагласувајќи дека не постои опасност од зафаќање на селата.

ЦУК соопшти дека во исто време, во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожар во селото Боговица, каде што надлежните служби дејствуваат со копнени сили.

Општина Струга упати апел до граѓаните да покажат максимална внимателност и целосна одговорност.

– Палењето оган во планина, на ниви или на отворен простор е строго забрането. Секое такво дејствие претставува сериозен ризик за природата, имотот и животите на луѓето, соопшти Општина Струга.

Надлежните институции, посочуваат, се на терен и остануваат ангажирани сè до целосно стабилизирање на состојбата, а против секое лице што ќе предизвика пожар или ќе постапува неодговорно ќе бидат преземени строги законски мерки.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ