Рускиот претседател Владимир Путин му упати честитки на Моџтаба Хамнеи по неговото назначување за врховен лидер на Иран, соопшти Кремљ.
„Сега, кога Иран се соочува со вооружена агресија, вашата работа на оваа висока позиција несомнено ќе бара голема храброст и посветеност. Сигурен сум дека со чесност ќе ја продолжите работата на вашиот татко и ќе го обедините иранскиот народ во услови на тешки искушенија“, се вели во соопштението на Кремљ.
Според соопштението, Путин ја повтори поддршката на Москва за Техеран, нагласувајќи дека Русија ќе остане сигурен партнер на Иран.
„Од моја страна, сакам да ја потврдам нашата непоколеблива поддршка за Техеран и солидарност со нашите ирански пријатели. Русија беше и ќе остане сигурен партнер на Исламската Република. Ви посакувам успех во решавањето на тешките задачи што се пред вас, како и добро здравје и сила на духот“, се додава во соопштението.
Моџтаба Хамнеи (56) е избран за трет врховен лидер на Иран во историјата. Иранскиот претседател Масуд Пешмерга го опиша неговото назначување како чекор кон зајакнување на националното единство.
Претходниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ја држеше функцијата 37 години. Тој беше убиен во напад на 28 февруари. Имаше 86 години.
