Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран

Од:

Министерот за надворешни работи на Иран Абас Арагчи, денеска изјави дека на иранскиот народ е да го избере својот лидер, a не на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во интервју за американската телевизиска мрежа NBC, Арагчи реагираше на изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека тој мора да биде вклучен во изборот на наследник на врховниот ирански лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен 28 февруари, на почетокот на американско-израелските напади врз Иран.

– Нема да дозволиме никој да се меша во нашите внатрешни работи. Ова е прашање само за иранскиот народ и на никој друг, рече Арагчи.

Според него, Трамп треба да се извини за војната, убиствата и разурнувањата на Блискиот Исток.

– Очигледно е дека нашите ракети не можат да стигнат до американска почва. Она што можеме да го направиме е да нападнеме американски бази и инсталации околу нас, додаде шефот на иранската дипломатија.

САД и Израел го нападнаа Иран во сабота, на 28 февруари, што го натера Техеран да возврати со ракети кон Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток кои имаат американски бази.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје

Пристигна потврда од Америка: Мировниот договор е потпишан

Израел e загрижен, Нетанјаху бара итна средба со Трамп

Авион се урна во Мисури, загинаа 11 падобранци и пилот

Хезболах ги продолжува нападите врз северен Израел по нападот во Бејрут

„Лош договор!“ Израел со жесток удар по сојузот меѓу САД и Иран

Горан Наумовски