Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека следната недела ќе биде посветена на соработка со европските партнери за да се осигури дека решенијата потребни за заштита на Украина навистина функционираат.

Зеленски нагласи дека не е постигнат напредок во врска со 20-от пакет санкции на Европската Унија против Русија поради војната. Исто така, немало напредок во врска со пакетот помош од 90 милијарди евра за Украина.

„И иако Европа признава дека ова е од витално значење за нас, пакетот сè уште е блокиран“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Тој рече дека разговарал за ова прашање со францускиот претседател Емануел Макрон. Шефовите на државите разговараа и за потребата на Украина од 24-часовна заштита од руски напади.

– Ова бара стабилност, поддршка – спроведување на сите договори што се постигнати и сè уште се во голема мера во исчекување. Ви благодарам Емануел, благодарам на другите лидери кои се свесни за целосното ниво на опасност и не си играат со судбините на луѓето, рече Зеленски.

Украинската агенција објави дека Зеленски разговарал со францускиот претседател за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Русите ги нападнаа Кривји Рог, Николаев и пристаништето Измаил

Лавров: Нема решение за Украина без отстранување на корените на кризата

Нов пакет за Киев: ЕУ нуди постепена интеграција наместо брз пристап

Зеленски: Војната во Иран ги забавува мировните преговори со Русија

Балуевски го критикува Путин: Кого точно планираме да исцрпиме? Цела Европа? Цело НАТО, вклучувајќи ја и Јапонија?

Руски безбедносни претставници: ВИП авионот на Зеленски можеби превезува нелегални пари

Горан Наумовски