Путин: Со задоволство ќе ве снабдуваме со нафта и гас

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Кремљ, со кого разговараше, меѓу другото, за соработката во енергетскиот сектор и изјави дека Москва останува сигурен снабдувач на енергија.

Путин на почетокот на состанокот изјави дека односите меѓу Русија и Унгарија се стабилни и се развиваат позитивно.

„Севкупно, односите се стабилни и се развиваат позитивно, мислам на прашања од енергетската политика, вклучувајќи ги јаглеводородите, и нашиот водечки проект – нуклеарната централа Пакш“, рече Путин.

Тој, исто така, изјави дека Москва е свесна за напорите на унгарскиот министер за надворешни работи да ја одржи динамиката во односите меѓу Русија и Унгарија, „без оглед на познатите тешкотии“.

Рускиот претседател нагласи дека Москва останува сигурен снабдувач на енергија.

Тој рече дека Унгарија не може а да не биде загрижена за состојбата на глобалните и европските пазари на гас и дека Русија е подготвена да разговара за ова прашање.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Путин и натаму сака да ја продолжи војната

„Економист“: Путин е заробен во сопствената војна – поразот може да биде фатален

(ВИДЕО) Аларм во Европа: резервите на гас на минимум, а се најавува исклучително студена зима

ВИДЕО: Откриена вистинската причина за посетата на директорот на ЦИА на Москва

Паника во Кремљ: Путин планира да употреби нуклеарно оружје?

ISW: Путин создава услови за масовна заплена на приватен имот за да ја финансира војната