Трамп: Иран сакаше да преговара, но беше предоцна бидејќи САД презедоа воена акција

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Техеран сака да започне преговори, но дека е предоцна бидејќи САД започнаа воена операција против Иран.

„Нивната воздушна одбрана, воздухопловните сили, морнарицата и раководството ги нема. Тие сакаат да преговараат. Реков дека сега е предоцна“, објави Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Претседателот на САД претходно изјави дека американските залихи на муниција се на средно до горно-средно ниво, дека „никогаш не биле поголеми или подобри“ и дека се „практично неограничени“.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, тој рече дека војните можат да се водат само долгорочно и успешно користејќи ги овие залихи.

„Можеме да водиме војни засекогаш и многу успешно користејќи само овие залихи (кои се подобри од најдоброто оружје на другите земји)“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат