МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Од:

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

– Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин, соопшти МНРиНТ.

Согласно информациите добиени од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе биде почната во првата безбедна прилика, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови.

Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Тел Авив, од МНРиНТ велат дека активно ги разгледуваат можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.

– Уште еднаш апелираме до македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, наведуваат од Министерството.

Од Министерството дополнуваат дека за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана.

Би можело да ве интересира

„Кориере дела Сера“: Иранската револуционерна гарда тврди дека уби 40 и рани 70 американски војници во базата во Дубаи

Израел: Бомбардирана e претседателската палата во Техеран

Арачи: Американците признаа – влегоа во војната поради Израел

Виткоф: Иран има доволно ураниум за 11 нуклеарни бомби

А1он

Кој може да биде новиот врховен лидер на Иран?

А1он

ВИДЕО: Колку далеку можат да стигнат иранските ракети

Катерина Ѓуровски