Израел го уби лидерот на Хезболах

Од:

Мохамед Раад, лидерот на парламентарното крило на Хезболах, наводно e убиен во напад на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз цели во Либан, објавија утрово телевизиските станици „Ал-Арабија“ и „Ал-Хадат“, во саудиска сопственост.

Либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека ракетниот напад врз Израел им штети на напорите Либан да се држи подалеку од регионален конфликт, а дописниците на „Ал-Арабија“ објавија дека сите училишта и образовни институции во Либан се затворени по наредба на Министерството за образование.

Израел изјави дека нападите биле одмазда за тоа што Хезболах испалил неколку ракети во северен Израел преку ноќ.

ИДФ соопшти дека погодила неколку високи членови на Хезболах во Бејрут и „клучен терорист на Хезболах“ во јужен Либан, но не ги потврди нивните имиња.

Командантот на Северната команда на ИДФ, генерал-мајор Рафи Мило, коментираше за нападите: „Хезболах го избра иранскиот режим пред либанската држава и започна напад врз нашите цивили. Бевме подготвени – и тие ќе платат скапо“.

„Веднаш по ракетниот оган од страна на Хезболах, според планот, го започнавме првиот голем бран напади врз Бејрут и јужен Либан, насочени кон високо рангирани оперативци, команди и терористичка инфраструктура. Исто така, работиме на евакуација на цивили од јужен Либан пред нови напади“, рече генерал-мајор Мило.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран ја нападна американската база „Инџирлик“ во Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори американски брод, Иранците со снимка тврдат дека го погодиле

Горан Наумовски

(ВИДЕО) CNN го лоцираше падот на борбен авион: Се урна во близина на американската база во Кувајт

(ВИДЕО) Соборени американски воени авиони, снимка и од пилот кој е фатен

Горан Наумовски

Нов ирански напад, сирени во Израел и Кувајт: Тел Авив возвраќа со напади врз Либан

Фон дер Лајен повика на промена на режимот во Иран: Итно е потребна веродостојна транзиција

Горан Наумовски