ВИДЕО: Експлозии низ заливските земји, напади на Дубаи, Доха и Бахреин

Од:

Експлозии повторно се слушнаа утрово во земјите од Персискиот Залив откако претходниот ден во американско-израелските напади врз Иран беше убиен иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) објави во неделата дека десетици напади насочени кон американски и израелски позиции се извршени како одговор на атентатот врз врховниот лидер на Иран.

Очевидци во катарската престолнина Доха објавија дека слушнале неколку силни експлозии во недела наутро. Катарската новинска телевизија Ал-Џазира објави најмалку 11 експлозии во Доха.

Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Сведоци објавија дека слушнале најмалку четири силни експлозии. Слики од погодениот и оштетен хотел во Манама почнаа да циркулираат на социјалните мрежи.

Дубаи беше цел на нови експлозии двапати утрово. Дописниците на АФП во Дубаи слушнаа нова серија експлозии пред кратко време.

Во земјите од Заливот има американски воени бази каде што има илјадници американски војници. Тие беа изложени на силни напади од Иран во саботата.

Новинската агенција Тасним, полуофицијален медиум поврзан со ИРГК, објави дека цел на нападите биле 27 американски бази во регионот, како и седиштето на израелската армија и комплекс за оружје во Тел Авив.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите