Иран: „Подготвуваме разорна одмазда“

Од:

Техеран се подготвува да возврати откако Израел денес започна напад врз Иран, а одговорот ќе биде „разорен“, изјави ирански функционер за Ројтерс.

Три експлозии се слушнаа во централен Иран, објави новинската агенција Фарс. Експлозии се слушнаа и на север и исток од Техеран, како и во Исфахан, Карај и Керманшах.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.

„Државата Израел започна превентивен напад врз Иран со цел да ги отстрани заканите за Државата Израел. Сегашната вонредна состојба е прогласена низ целата земја“, рече тој, објави „Тајмс оф Израел“.

Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција и бил планиран со месеци однапред, изјави неименуван израелски функционер за Ројтерс.

Тој рече дека датумот на нападот е одреден пред неколку недели.

Би можело да ве интересира

Џеј Ди Венс пристигна во Швајцарија на клучни разговори со ирански претставници

Москва тврди: „Израел е ранет и незадоволен – ќе се одмазди“

(ВИДЕО) Ганц: „Биби треба да си оди дома“

Трамп порача преку „Аксиос“: По војната со Иран, нема граници на мојата моќ

Азаров: Американските биолаборатории во Украина се подготвуваа за создавање биолошко оружје

Иран: Израел мора да извлече поуки од поразите против Хезболах