(ВИДЕО) Заложничка драма на аеродром во Казахстан – во едната рака нож, со другата држи девојка за коса

Од:

Заложничка драма се одвиваше денеска на аеродром во Казахстан. Избезумен маж, од непознати причини, зеде девојка како заложник и се закануваше дека ќе ја убие со нож.

Секогаш кога некој ќе се обидеше да му се приближи, тој одеше со ножот кон девојката.

Секое движење беше ризично за животот на девојката.

Клучниот момент се случи кога еден од мажите кои беа во близина понуди да биде заложник наместо девојката. Напаѓачот се согласи.

Девојката беше ослободена, а заробениот маж „го зазема нејзиното место“.

Чекаше момент на невнимание, па го совлада напаѓачот и му го зеде ножот.

Би можело да ве интересира

Дезинформација е дека Назарбаев со авион во Бишкек слетал од Македонија

Ана Ололовска

Сите Македонци во Казахстан се на безбедно

А1он

Македонија ќе отвори почесни конзулати во Едрене и Алмати

Наум Локоски