(ВИДЕО) Заложничка криза во Берлин: Маж со нож држи вработена во супермаркет

Од:

Маж вооружен со нож држи како заложник вработена во супермаркетот „Реве“ во берлинската населба Мариенфелде, непосредно од пред затворањето на продавницата во петокот вечерта, соопшти германската полиција.

Инцидентот се случил околу 22 часот, кога, според сведоци, мажот дошол до касата, одбил да ги стави производите на подвижната лента, а потоа извадил нож, пренесува „Билд“.

Еден од вработените успеал да избега од продавницата, додека неговата колешка останала внатре со напаѓачот и оттогаш се наоѓа како заложник.

„Голем број полициски службеници се на местото на настанот. Заложничката криза е во тек“, изјави портпаролот на берлинската полиција.

Полицијата соопшти дека осомничениот и понатаму се наоѓа во супермаркетот и дека преку преговори се обидува мирно да ја разреши ситуацијата. Засега не е познато каков е односот меѓу напаѓачот и заложничката, ниту во каква здравствена состојба се наоѓа жената.

На местото на настанот се распоредени специјални полициски единици, екипи на итната медицинска помош и лекари, а поширокото подрачје околу супермаркетот е целосно обезбедено.

Во текот на ноќта полицијата ги сослушувала сведоците, меѓу кои вработени и купувачи кои во моментот на инцидентот се наоѓале во продавницата, но засега не се објавени дополнителни детали за случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Голем сајбер-скандал во Германија: Хакери објавија украдени податоци од Берлин

Во училиште со нож ја уби екс девојката (18), а го усмрти и мажот кој се обиде да го спречи

А1он

Осомничениот за терористичкиот напад на Берлин Прајд, Абдул Балу, е убиен во полициска акција

Берлин бара од Зеленски повторно да размисли за разрешувањето на Федоров

Заврши заложничката криза во Фолксбанк во германскиот град Зинциг

А1он