Притвор за осомничените кои планираа атентат врз претседателот на Србија

Од:

Вишиот суд во Краљево им одреди притвор на Д.Р. (50) и М.Р. (42) до 30 дена, осомничени за планирање атентат врз претседателот на Србија и членови на неговото семејство.

Притворот е одреден за да се спречи повторување на кривичното дело или довршување на обидот или заканата од кривично дело.

Тие се осомничени за сторено кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија.

Како што објави Министерството за внатрешни работи, од декември минатата година до февруари оваа година, тие преговарале за насилна промена на уставниот поредок на Србија и соборување на највисоките државни органи.

Тие се осомничени за организирање на набавка на оружје и напад врз животот и телото на претседателот на Србија, неговата сопруга и децата, со лишување од живот, како и напад врз припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, со нанесување телесни повреди на припадници на полицијата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка

Вучиќ: Клучот за заедничка иднина лежи во меѓународното разбирање и соработка

Вучиќ од Тиват: Разговарав со Мицотакис, разговаравме за понатамошно подобрување на соработката

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Вучиќ: Србија го надмина регионот по висина на платите, сега ги стигнуваме земјите од ЕУ

Вучиќ од Пекинг по вчерашниот протест во Белград: „Mожно е наскоро да поднесам оставка“

А1он