Вучиќ го распушти Собранието и ги распиша парламентарните избори

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска и се обрати на нацијата.

Претходните години беа исполнети со предизвици. Србија помина низ тежок период, рече на почетокот Вучиќ.

„Денес имаме војни ширум светот, кои во секоја смисла, и економска и политичка, ја загрозуваат нашата земја. Во сето тоа време успеавме да ја зачуваме стабилноста. Србија успеа да ја води својата економија така што таа беше најбрзорастечката економија на Стариот континент. Тоа го постигнавте вие, почитувани граѓани на Србија. Но, имавме големи политички турбуленции на домашната политичка сцена, со значително мешање на странски сили, имавме и немири и судири, како и поделено општество“, истакна Вучиќ.

Токму затоа, нагласи тој, неопходни се избори за да покажат по кој пат сакаат да оди народот.

„Сметам дека Србија, како што тоа го правела и во минатото, мора да се сврти кон современите технологии, иновациите и вештачката интелигенција. Во таа поделба на трудот, многумина ќе бидат оштетени. Ние мора да гледаме како да ги заштитиме нашите луѓе и да одиме напред“, рече тој.

Според него, секое одложување на изборите би го загрозило и Експо и севкупниот напредок на земјата.

„Важно е да го почитуваме различното политичко мислење и правото на слободно собирање. На крајот, вашата одлука е гласот на Бога и одлуката на народот мора да се почитува. Ве молам да внимавате кому му ја давате довербата, имајќи ги предвид предизвиците што ги споменав, политичките и економските“, истакна Вучиќ.

„Зачувувањето на нашите семејства и нашето општество без поделби е приоритет“, порача тој на крајот.

„Врз основа на Уставот на Србија, на образложен предлог на Владата, донесувам указ за распуштање на Народното собрание“, рече Вучиќ.

„Донесувам одлука за распишување избори за народни пратеници“, објави српскиот претседател.

Вучиќ најави дека вонредните парламентарни избори ќе се одржат на 25 октомври. Официјалната процедура започнува денес точно на пладне, кога го потпишa указот за распуштање на Народното собрание и ја донесе одлуката за распишување на изборите.

Изборната кампања ќе трае 46 дена. Вучиќ ги повика сите политички актери во текот на кампањата да се фокусираат на потребите на народот, апелирајќи строго да се избегнуваат насилство и блокади на институциите, кои, како што рече, им штетат исклучиво на граѓаните.

Тој исто така нагласи дека безрезервно ќе го прифати изборниот резултат и прв ќе им честита на политичките противници доколку остварат победа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Првата седница на новиот српски парламент на 17 ноември

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Студентите одат на 141 мандат: дијаспората го зададе завршниот удар, во недела ќе има прегласување во неколку општини

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Веќе сум информиран кој ќе биде министер за надворешни работи, ќе видите каква политика ќе водат

(ВИДЕО) Вучиќ не го дава Информер: ако го згаснете, нема дијалог четири години

Катерина Ѓуровски

Карлеуша бара помош од Трамп и Маск оти „студентите ќе ја уништеле државата“