Новите глобални царини на САД стапија на сила

Од:

Новите глобални царини на американскиот претседател Доналд Трамп од 10 проценти стапија на сила денес, неколку часа откако Врховниот суд ги поништи неговите првични широки овластувања за воведување тарифи, објави Блумберг.

Трамп потпиша извршна наредба минатиот петок со која ќе се воведе основна стапка од 10 проценти, додека Белата куќа соопшти дека работи на формална наредба со која ќе се зголеми глобалната царини на 15 проценти, но не е утврден временски рок за спроведување.

Царините се спроведуваат согласно Член 122 од Законот за трговија од 1974 година, кој му дозволува на американскиот претседател да воведува царини до 150 дена без одобрение од Конгресот.

Наредбата ги задржува исклучоците за стоки согласно Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА), потпишан во 1994 година од САД, Канада и Мексико, и за одредени земјоделски производи.

Просечната ефективна царинска стапка на САД со исклучоци е околу 10,2 проценти, што е намалување од 13,6 проценти пред одлуката на судот, додека потенцијална глобална стапка од 15 проценти би ја зголемила ефективната стапка на околу 12 проценти.

Неизвесноста околу новите царини ги блокираше трговските разговори со главните партнери, вклучувајќи ја Европската Унија и Индија, додека администрацијата на Трамп планира истраги за увоз на индустриски производи, вклучувајќи батерии, железо, телекомуникациска опрема и хемикалии, што би можело да доведе до дополнителни царини, објави Блумберг.

Би можело да ве интересира

Украина ќе произведува ракети „Патриот“

„Аксиос“: САД и Иран електронски потпишаа Меморандум за разбирање

Горан Наумовски

Венс: Путин има силна поддршка од руските граѓани

Цените на нафтата паднаа под 80 долари за барел

Пројде рокот на лиценцата за руската нафта, Трамп најавува нови санкции

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина