Кина ги престигна САД

Од:

Кина ги престигна САД како главен трговски партнер на Германија, според податоците од Германскиот федерален завод за статистика, додека канцеларот Фридрих Мерц се подготвува за својата прва посета на Пекинг откако ја презеде функцијата, објави денес Гардијан.

Мерц ќе отпатува во Кина во вторник и ќе биде пречекан со воени почести во Пекинг во среда од премиерот на земјата Ли Ќијанг, пред подоцна да се сретне со претседателот Си Џинпинг на вечера, изјави неговиот портпарол Себастијан Хиле.

Германскиот федерален завод за статистика во петокот објави податоци кои покажуваат дека Кина е повторно на врвот како најважен пазар во земјата со 251 милијарда евра трговија во 2025 година, што е зголемување од 2,2 проценти во однос на 2024 година, кога САД беа водечка извозна дестинација на земјата.

Во 2025 година, Германија увезе стоки од Кина во вредност од околу 170,6 милијарди евра, што е повеќе од двојно поголема вредност од извозот од Германија во Кина, кој изнесуваше 81,3 милијарди евра.

Трговијата со САД изнесуваше 240 милијарди евра, а контроверзните царини на американскиот претседател Доналд Трамп се делумно потенцијален фактор за падот на трговијата од 5 проценти, според британскиот весник.

Хиле рече дека за време на дводневното патување во Кина, Мерц ќе го посети и Забранетиот град, кинеската компанија „Унитри Роботикс“, германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ и производителот на турбини „Сименс Енерџи“. Тој ќе го посети и градот Хангжу во источна Кина.

Се очекува Мерц да покрене голем број теми за време на посетата, вклучувајќи ја војната во Украина, човековите права и трговијата.

Трговските односи на Германија со Кина се сложени, а автомобилските компании имаат значително производствено присуство во земјата. „Фолксваген“, „БМВ“ и „Мерцедес-Бенц“ исто така зависат многу од продажбата во Кина.

Извршниот директор на БМВ, Оливер Ципсе, ќе биде еден од 30-те претставници на компаниите што ќе го придружуваат Мерцес на патувањето.

„Сложените глобални предизвици можат да се решат само со заедничка работа. Со неговото патување во Кина, канцеларот испраќа силен сигнал за дијалог и соработка“, изјави Ципсе за Ројтерс.

ЕУ сака да го намали ризикот и започна неколку иницијативи за да се дистанцира од Кина, која доминира во снабдувањето со ретки земни метали, преработени ретки земни метали, критични минерали и рафинирани критични минерали, вклучувајќи литиум потребен за батерии на електрични возила и трајни магнети што се користат во сè, од автомобили и фрижидери до воени авиони.

Во потреба да ја поддржи автомобилската индустрија, еден од најголемите работодавци во земјата, Германија гласаше против одлуката на ЕУ за воведување царини за кинески електрични возила во 2024 година.

Би можело да ве интересира

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Иран: Непријателските бази во регионот се легитимни цели во случај на агресија

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Аракчи: САД не побараа, а Иран не понуди суспензија на збогатувањето ураниум

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он

Путин: Американските санкции врз Куба се неприфатливи